Пејачката и модна икона Ријана го откажа своето исполнување за време на годишните музички награди “Греми” бидејќи не се чувствува добро.4660877

Ѕвездата требаше да пее на сцената, но наместо тоа си заминала малку по последните проби за шоуто. По почетокот на церемонијата претставниците на Ријана објавија изјава во изданието “Entertainment Weekly”, во кое се вели дека докторите ја советувале да не пее во текот на 48 часа, за да не предизвика проблеми на гласните жици.

Според внатрешни извори песната која Ријана требало да ја испее на церемонијата е “Kiss Me Better”. Ова не е прв пат, во кој пејачката се откажува од настап на “Греми” во последен момент.

Во 2009 година, таа ја откажа својата изведба во живо поради телесните повреди од нејзиниот поранешен дечко Крис Браун.

Слични содржини