Рики Рубио потпиша со Барселона, но тој ќе одлучи дали ќе се врати на паркетот

од Vladimir Zorba

Екипата на Барселона склучи важна зделка пред крајот на периодот за регистрација во Евролигата. Каталонците потпишаа договор со Рики Рубио до крајот на актуелната сезона, информира „Марка“. Плејмејкерот во последните неколку недели тренираше со „Лос Кулес“ и на крајот реши да стави потпис на договор со својот поранешен тим.

Важен додаток на информациите е дека Рубио се уште не е подготвен да се врати на паркетот, а дали ќе го направи тоа ќе зависи од него. Во неговиот договор има клаузула доколку кошаркарот не успее да се опорави од психичките проблеми со кои заврши неговата долга НБА кариера. Сепак, важно во овој случај е што Барса успеа да се договори со него и сега има реални шанси светскиот и европски првак повторно да се појави на теренот.

33-годишниот плејмејкер ги мина последните 13 години во НБА, каде одигра скоро 700 натпревари и имаше просек од 10,8 поени, 4,1 скока и 7,4 асистенции со Минесота, Јута, Феникс и Кливленд. Пред да замине во најсилната лига на светот, Рубио беше дел од Барса две години во периодот од 2009 до 2011 година, а сега може да го започне вториот престој во редовите на „лос кулес“.

Шпанецот ја освои Евролигата со Барса во 2010 година, а стана и шампион на Шпанија во 2011 година. Во двете години тој им помогна на Каталонците да го освојат Купот на Кралот.

Слични содржини