Ристовски: Имаме сила да ја победиме Португалија

од Nikola Popovski

Дефанзивецот и капите на Македонија, Стефан Ристовски тврди дека сензационалната елиминација на Италија не е последниот збор на неговата репрезентација во баражот за Мундијалот.

„Не ми се верува што направивме. Ја победивме Италија, европскиот првак на нејзин терен! Ова чувство е неописливо! Се надевам дека сега и јас ќе го доживеам пречекот пред целиот плоштад во Скопје“, едвај зборуваше Стефан Ристовски по голот на Александар Трајковски во судиското надополнување.

Фудбалерот на загрепски Динамо смета дека македонскиот тим има доволно сила, волја и интелигенција да му се спротивстави на уште еден европски гигант – Португалија во финалната пресметка.

„Имаме сила да ја победиме Португалија! Имаме и енергија, не сме уморни, целосно сме исполнети. Сакам прво да славиме, а потоа да се спремаме за Порто“, изјави Ристовски за македонските медиуми.

Натпреварот меѓу Португалија и Северна Македонија ќе се одигра на 29 март во Порто.

Слични содржини