Рита Ора се венчала во тајност?

од Stefanija Kuzmanovska

Рита Ора, британската пејачка со албанско потекло и нејзиниот избраник, познатиот режисер Таика Ваитити, наводно неодамна го кажале судбоносното „да“ на приватна церемонија.

Иако двајцата официјално не ја потврдија оваа вест, цврст доказ се заедничките фотографии кои ги објавија на социјалните мрежи, а на кои и двајцата носеа бурми.

Како што открија блиски до пејачката, нејзината желба била венчавката да биде тајна.

Рита и нејзиниот избраник беа во врска година и пол, а за прв пат се појавија заедно на премиера на филм во Лос Анџелес во 2021 година.

Слични содржини