Роби е категоричен: Сум видел НЛО

од Vladimir Zorba

Роби Вилијамс продолжува да го потврдува споделеното од негова страна пред години, дека видел вонземјани и колку и да сте скептично, тогаш не бил под влијание на алкохол или дрога.

„Јас сум сведок на некои многу чудни работи. Јас доживеав феномен што не можам да го објаснам и бев целосно трезен“, изјави британскиот пејач.

„Имаше НЛО над мојата глава, не бев пијан, не земав дрога. Бев целосно чист. Некаде околу 45 метри над мојата глава. Ако имав тениско топче, ќе можев да го удрам“, рече пејачот во телевизиско интервју.

Тој станал сведок на овие чудни феномени и необјасниви работи на неколку пати – и во Америка, и во Велика Британија.

Сега останува да му верувате.

Слични содржини