Роби Вилијамс: Имам болест во главата, која сака да ме убие

од Vladimir Zorba

„Имам болест во главата, која сака да ме убие“, изјави ѕвездата Роби Вилијамс. Тој раскажа за болната битка што ја води за своето ментално здравје.

Пред таблоидот „Сан“ пејачот изјави дека многу пати бил блиску до смртта и го спореди својот живот, кој се состои од подеми и падови, со оној на Џорџ Мајкл, кој почина на Божиќ во 2016 година.

„Понекогаш тоа ме дави, а понекогаш е нешто што треба да го земам со себе на сцената. Понекогаш потонувам во неверојатна среќа и е прекрасно“, изјави 44-годишниот изведувач, кој во моментов е на турнеја во Австралија.

„Но, во поголемиот дел од времето сум човек со човечки искуства, кој се обидува да се справи со искушенијата и страдањата кои се случуваат меѓу моите две уши“, додаде тој.

Со текот на годините, ѕвездата се бореше со алкохолот, килограмите, страдаше од анксиозност и страв од настап на сцената. Пред извесно време открл дека лекарите му откриле абнормалности во неговиот мозок.

Слични содржини