Робот згмечи човек во Јужна Кореја

од Vladimir Zorba

Работник го загубил животот на подвижна лента во фабрика во Јужна Кореја кога бил згмечен од роботска „рака“ која не можела да го разликува од картонските кутии, јавуваат локалните медиуми.

Кобниот инцидент се случил додека работник проверувал робот на подвижна лента.

Роботската „рака“ не препознала дека се работи за човечко суштество, а не за кутија со зеленчук и го зграпчила човекот, го турнала на појасот, при што му ги здробила главата и градите на мажот на возраст од 40 години, пишува јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

Мажот бил пренесен во болница, но подоцна им подлегнал на повредите.

Роботската рака е дизајнирана да крева кутии што содржат пиперки и да ги пренесува на подвижната лента.

Работник ги проверувал сензорите на роботот за време на проверка на машината пред испорака во фабрика за сортирање пиперки во еден корејски град, соопшти агенцијата, повикувајќи се на полицијата.

Инспекцијата првично беше закажана за 6 ноември, но беше одложена за два дена поради проблеми со сензорите на роботот.

Фабриката каде што требаше да пристигне роботот бара инсталирање на „безбеден и прецизен“ систем.

Слични содржини