Роботи им помагаат на вработени во пошта во Грција

од Vladimir Zorba

Грчкиот национален давател на поштенски услуги „Хеленик пост“ (ЕЛТА на грчки) започна да користи роботски систем од кинеско производство за сортирање пратки, со цел да го забрза процесот и да ја подобри услугата за клиентите.

Според News.cn, 55 роботи им се придружиле на вработените во еден од поштенските објекти, во место близу Атина. Тие учествуваат во процес што до пред неколку недели главно се правеше рачно или полу-механизирано, помагајќи да се направи сортирањето далеку побрзо и поефикасно.

Извршниот директор на ЕЛТА, Ерикос Цаварас, рече дека тие биле првите во Европа што вовеле роботи во нивното производство.

„Ги има во Кина, во нивната национална пошта, како и во Јапонија и САД“, додаде Каварас.

Роботите примаат пакети на осум станици, ја одредуваат нивната дестинација преку код и ги дистрибуираат до 144 дестинации за сортирање, што во моментов прави скоро 76 проценти од вкупната испорака во центарот за сортирање.

Со додавање на роботи во процесот на сортирање, како што објасни Каварас, тие подобро ги користат човечките ресурси, избегнуваат грешки што би ги направиле луѓето и со тоа им ги олеснуваат работите на своите работници. Ја зголемиле брзината на сортирање за цели 250 проценти.

Употребата на роботи, исто така, помогнала да се создаде средина во која „Ковид-19“ не циркулира, додаде тој, истакнувајќи дека новиот систем е значаен чекор во стратегијата на ЕЛТА за иднината.

Слични содржини