Родителите на бебето Бенито Мусолини повикани на суд

од desk2
132 прегледи

 

Росителите на 14-месечниот Бенито Мусолини се повикани на суд во Италија заради контроверзното име на нивниот син.

Малиот Бенито и крстен по неговиот дедо, честа пракса во Италија.

Но, проблемот е во тоа што презимето на семејството е Мусолини, што пак доведува до ситуација малото дете да го носи името и презимето на фашистичкиот диктатор во Италија од времето на Втората светска војна.

Сепак, семејството нема никакво крвно сродство со озлогласениот Мусолини.

Судот ги повикал родителите, во Џенова, затоа што е загрижен за иднината на детето и последиците од името што ќе го носи кога ќе порасне.