Роналдо ја запроси Георгина – ова е прстенот од 700.000 евра

од desk2

Најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо ќе се ожени. Неговата девојка Георгина Родригез, која му роди ќерка Алана Мартина се пофали со свршеничкиот прстен.


Роналдо за прстенот на Георгина потрошил безмалку 700.000 евра.

Нивната свадба беше и очекувана, откако лани таа ја донесе на свет ќерката Алана Мартина.

Роналдо има уште три деца, сите од сурогат мајка, најстариот Кристијано јуниор, како и близнаците Матеа и Ева, кои ги доби шест месеци пред неговата вереничка да се породи.

Инаку Георгина со свршеничкиот прстен се пофали на социјалните мрежи, па сега португалските медиуми погодуваат кога овој пар ќе застане пред олатрот и ќе го овековечат бракот.

Слични содржини