Роналдо не дозволи радост на Милан (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Фудбалерите на Милан и Јувентус одиграа нерешено 1-1 во првиот полуфинален натпревар од Купот на Италија.

На Сан Сиро, „росонерите“ поведоа со погодокот на Анте Ребиќ во 61. минута, а Кристијано Роналдо се погрижи Милан да не оди со предност пред реваншот во Торино.

Роналдо прецизно го изведе пеналот во 91. минута, откако судијата по прегледување на ВАР покажа на белата точка заради играње со рака на Калабрија.

Реваншот се игра во Торино на 4 март.

Слични содржини