Во име на американскиот народ, државниот секретар Марко Рубио ѝ го честиташе на Бугарија Денот на ослободување-3 март, истакнувајќи ја добрата соработка помеѓу двете земји.
Стејт Департментот преку соопштение го истакнуваат пријателството и соработката помеѓу владите на САД И Бугарија која трае 122 години, а во соопштението се вели дека државите ќе ги продлабочат дипломатските односи и пријателството помеѓу двата народи.
Рубио смета дека дипломатските и пријателски односи помеѓу двете држави и геостратешката важност на Бугарија се истакнува преку изградбата на нови нуклеарни реактори со американски дизајн во Бугарија, кои ќе ја зголемат стабилноста и безбедноста на енергетското снабдување на земјата. Рубио ја истакна одбранбената соработка помеѓу двете земји, вклучително и неодамнешните инвестиции на Бугарија за модернизација на нејзините вооружени сили, кои ја подобруваат безбедноста на земјата и го демонстрираат нејзиниот придонес кон НАТО со изградбата на два нуклеарни реактории со американска тенологија вредни 350 милиони долари. Договорот беше потпишан меѓу нуклеарната централа Козлодуј и конзорциум меѓу американската компанија „Вестингхаус“ и јужнокорејската „Хјундаи“.
Се очекува првиот од двата нови нуклеарни реактори да почне да произведува електрична енергија во 2034 година. На крајот, се очекува реакторите да чинат повеќе од 14 милијарди долари. Меѓу другото, Бугарија во април годинава треба да ги добие првите два од вкупно 16-те борбени авиони Ф-16 од американската компанија „Локид Мартин“. Договорот за набавка на овие авиони беше ратификуван во бугарскиот парламент во 2019 година. Вредноста на договорот 2,5 милијарди долари.
Бугарија го прославува 3 март како национален празник, како датум на Санстефанскиот договор, потпишан во 1878 година.