Русија: Да се запре снабдувањето со гас и за другите непријателски земји

од Vladimir Zorba

Претседателот на Думата, долниот дом на рускиот парламент, Вјачеслав Володин, денеска оцени дека гасниот гигант „Газпром“ донел правилна одлука целосно да ја прекине испораката на гас за Бугарија и Полска, а Москва треба да го стори истото и со другите „непријателски“ земји.

„Истото треба да се направи и кон другите земји кои се непријателски настроени кон нас“, напиша Володин на својата сметка на руската социјална мрежа Телеграм, пренесе Ројтерс.

Во исто време, рускиот производител на гас „Газпром“ објави дека ја снабдува Европа со природен гас преку Украина во согласност со барањата на европските потрошувачи, но дека денеска добил помалку такви барања во споредба со вторникот.

Слични содржини