Русија ја предупредува Европа: Одмаздата е подготвена, ќе биде болна

од Симе Стоиков

Сојузникот на рускиот претседател Владимир Путин ја предупреди Европа дека Русија веќе напишала закон за да се одмазди доколку Западот заплени речиси 300 милијарди долари руски имот и ги искористи за помош на Украина.

Откако претседателот Владимир Путин испрати војници во Украина во 2022 година, Соединетите Држави и нивните сојузници ги забранија трансакциите со руската централна банка и Министерството за финансии, замрзнувајќи околу 300 милијарди долари руски имот на Запад.

Врвните функционери во Соединетите Држави сакаат да запленат имот за да и помогнат на Украина, иако некои банкари и европски функционери се загрижени дека таквата заплена ќе создаде опасен преседан.

Претставничкиот дом на САД во саботата усвои нацрт-закон со одредба која дозволува заплена на руски имот, но голем дел од руските средства не се во САД, туку во Европа.

„Имаме подготвен одговор“, изјави Валентина Матвиенко, претседателка на Горниот дом на рускиот парламент, пренесе државната новинска агенција РИА.

„Имаме нацрт-закон со одмазднички мерки што сме подготвени веднаш да го разгледаме, а Европејците ќе изгубат повеќе од нас“, рече Матвиенко, кој е член на моќниот руски Совет за безбедност.

Матвиенко не прецизираше каков ќе биде одговорот на запленувањето на рускиот имот, за што се уште се разговара на Запад. Една опција за која Западот разговара е да го заплени приходот од имотот без да го земе самиот имот.

Слични содржини