Русија не гледа опасност од новиот француски сој: Не се проширил за два месеци

од Nikola Popovski

Новиот сој на коронавирусот Б.1.640.2, кој беше откриен на југот на Франција, не се проширил за два месеци, па нема причина да се верува дека станува збор за „сој од интерес“, соопшти руската служба „Роспотребнадзор“.

Во соопштението се потсетува дека геномската секвенца од првиот примерок од сојот B.1.640.2 е внесена во меѓународната база на податоци „GISAID“ уште на 4 ноември 2021 година.

„Со оглед на тоа дека сојот Б.1.640.2 не се проширил два месеци, нема причина да се верува дека може да биде од посебен интерес“, се вели во соопштението на „Роспотребнадзор“.

Како што се посочува, новиот сој на коронавирусот навистина се карактеризира со голем број промени во геномот, вклучително и генот на S-протеинот, но некои од мутациите се карактеристични и за другите соеви, како омикрон и делта.

Исто така, беше прецизирано дека во Русија не се регистрирани случаи со новиот сој Б.1.640.2 и дека ситуацијата е под контрола на „Роспотребнадзор“.

На 11 ноември, Европскиот центар за превенција и контрола на болести го додаде сојот B.1.640 на својата листа на „соеви под надзор“.

Слични содржини