Русија планира да ја изложи опремата на НАТО, што ја уништила во Украина, во близина на западните амбасади

од Vladimir Zorba
535 прегледи

Русија планира да ја изложи опремата на НАТО што ја уништи во Украина пред амбасадите на западните земји кои ја доставија, изјави денеска претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин.

„Особено е интересен предлогот запалената опрема да се постави до амбасадите на оние земји што ја испраќаат во Украина“, рече Володин, кој издал наредба да се организира, пренесе Ројтерс.

Руските власти постојано ги критикуваа западните земји за снабдување со оружје на Украина, тврдејќи дека ризикуваат да го продолжат конфликтот и да предизвикаат дополнителна ескалација, наведува агенцијата.

Слични содржини