Русија повторно објави снимка од повлекување на војници и опрема (ВИДЕО)

од Milan1

Руското Министерство за одбрана денеска објави видео на кое се гледа како војници и воена опрема на тенковската армија на Западниот воен округ се враќаат во своите бази по завршените воени вежби.

Руското Министерство соопшти дека тенковите и оклопните возила ќе поминат околу 1.000 километри со железница.

Западните земји вчера предупредија за зголеменото руско воено присуство на границите на Украина, што, како што тврдат, е спротивно на тврдењето на Москва за повлекување на војниците.

Слични содржини