Русија: Вечерва ќе се случи наместен хемиски напад во Сирија

од desk2

Инсцениран хемиски напад во Сирија закажан е за вечерва, кога учесниците треба да бидат подготвени за играње на своите улоги.

Ова го рече портпаролот на руското министерство за одбрана Игор Конашенков.

Како што пренесе ТАСС, тој рекол дека знак за почеток на нападот ќе биде специјална наредба на „некои странски пријатели на сириската револуција.“

Според податоците на руското министерство, вчера во Идлиб е одржан состанок на лидерите на екстремистичките групи Јајат Тахрир ал Шам, која контролира поголем дел од провинцијата и ткн. Исламска партија на Туркестан со локалните координатори на организацијата на цивилна заштита позната како „Бели шлемови“.

Конашенков вели дека на тој состанок е утврдено сценарио за однесување и снимање на настаните со цел да се претстават како воена упореба на боен отров против цивилното население, како и дека провокации се планираат на местата Џиср еш Шугар, Сармин, Серакаб и Тефтаназ.

Наводно, договорено е сите учесници да бидат подготвени на 8 септември вечерта, а сигналот за почеток на практичниот дел на провокацијата ќе биде специјална наредба на странски пријатлеи на сириската револуција.

Изјави и дека Русија будно ги следи случувањата во Сирија и дејсвата на вооружени сили од повеќе земји на Блискиот исток.

Слични содржини