Руската православна црква: Да се забранат карикатури на Мухамед

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Одделот на Руската православна црква за надворешни односи, митрополитот волоколамски, Иларион, изјави дека ќе биде најдобро ако Франција, како и другите земји, го воведат законот што го има Русија во врска со навредувањето на чувствата на верниците.

Коментирајќи го неодамнешниот терористички напад во Франција, митрополитот Иларион рече дека ќе биде подобро ако е забрането да се цртаат карикатури на Мухамед.

Иларион оцени и дека по првиот терористички напад, Франција „не научила доволно за моменталната опасност“, иако е јасно дека станува збор за карикатура на човекот кој го основал исламот, и со самото тоа се навредени чувствата на милиони луѓе.

Да потсетиме, напаѓачот кој уби три лица во Ница беше идентификуван како 21-годишен Тунижанец кој неодамна пристигна во Франција преку Лампедуза.

Набргу потоа, во Авињон, друг човек се обидел да ја нападне полицијата со извици „Алах Акбар“. Во исто време, во Џеда, напаѓач избоде стражар во францускиот конзулат. Тој е повреден, но не е во животна опасност.

Во таа насока, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека неговата земја е повторно мета на тероризам и најави построги безбедносни мерки и вклучување на воените сили.

Слични содржини