Руски функционер ги потврди сомнежите: Москва ќе употреби досега невидено оружје

од Stefanija Kuzmanovska

Четири ударни роботизирани оклопни возила „Маркер“ се подготвени и се подготвуваат да бидат испратени во Донбас, изјави поранешниот директор на „Роскосмос“ Димитриј Рогозин.

-Извршниот директор на компанијата од Магнитогорск „Андроид Технологија“ Евгениј Дудоров објави дека почнало товарењето на четири беспилотни роботи „Маркер“, кои потоа ќе бидат испратени во Донбас, истакна Рогозин.

Тој претходно изјави дека во февруари во зоната на специјални воени операции ќе пристигнат четири роботи „Маркер“, кои ќе бидат во разузнавачка варијанта и ударна верзија.

Роботите ќе учествуваат во битките по тестирањето на полигонот.

Тој изјави дека овој робот ќе може автоматски да ги уништува тенковите „Абрамс“ и „Леопард“ и други машини користејќи електронски каталог во контролниот систем со слики од непријателска опрема.

Слични содржини