Руски олигарси на чело со Абрамович ја тужат ЕУ поради санкциите

од Vladimir Zorba

Тројца руски олигарси, меѓу кои и Роман Абрамович, побараа укинување на санкциите, соопшти Европскиот суд на правдата.

„Овие случаи спаѓаат во надлежност на Општиот суд“, рече портпаролот на судот.

Се очекува судот наскоро да донесе одлука за оспорување на „рестриктивните мерки против дејствијата на Русија кои ја дестабилизираат ситуацијата во Украина“.

Другите двајца олигарси кои побараа укинување на санкциите се Михаил Фридман и Пјотр Авен.

Мерките на ЕУ вклучуваат забрани за патување, како и замрзнување на нивните средства во ЕУ, со што нивните суперјахти, куќи и други имоти во ЕУ се изложени на ризик од конфискација.

Олигарсите се на „црната листа“ на ЕУ формирана во февруари и март врз основа на сомнежи и докази дека влијаеле или имале корист од руската инвазија на Украина и се блиски со рускиот претседател Владимир Путин.

Абрамович беше сопственик на лондонскиот фудбалски клуб Челsи, кој беше продаден на конзорциум предводен од американскиот милијардер Тод Боли за пет милијарди евра.

Фридман, роден во Украина, еден од најбогатите луѓе во Русија, и Авен, роден во Русија, се повлекоа на почетокот на овој месец од ко-основачкиот инвестициски фонд LetterOne.

Слични содржини