Руските милијардери ги префрлаат парите во Дубаи

од Milan1

Дубаи, финансиски и деловен центар познат по недостатокот на строга регулатива, долго време е познат како магнет за ултрабогатите во светот, а одбивањето на Обединетите Арапски Емирати да застанат на страната на Западот, беше сигнал до Русите дека нивните пари би биле безбедни, објави Фајненешл Тајмс.

ОАЕ се воздржаа од осуда на руската инвазија на Украина за време на гласањето во Советот за безбедност на ОН.

Емиратите, кои ги продлабочија врските со Русија во последниве години, не воведоа санкции.

Во секој случај, богатите Руси во моментов во Лондон и Швајцарија се обидуваат да го пренесат своето богатство на безбедно, изјави банкар во голема швајцарска приватна банка.

Ова го потврдил и адвокат во Дубаи, кој рече дека неговата компанија добила прашања од руски поединци и компании за тоа како тие брзо можат да префрлат „значителни средства“ во вредност од стотици милиони долари во арапската земја во Персискиот залив.

„ОАЕ е погодно место (за бизнис) – на само неколку часа и без регулатор што е во договор со западните регулатори“, изјавил менаџерот за инвестиции.

Руските клиенти со сметки во приватните банки, открил еден банкар, отвораат сметки во регионалната канцеларија на истата банка во ОАЕ, додека некои други отвораат сметки во локалните банки. Тие исто така се обидуваат да инвестираат пари во, на пример, недвижен имот и фондови кои не откриваат информации за имотот.

Дубаи, исто така, долги години е многу популарна туристичка дестинација за Русите и е на самиот врв по бројот на посети и по бројот на купувачи на недвижнини.

Во 2018 година, ОАЕ воведоа „златна“ визна програма која на инвеститорите и другите професионалци им нуди 10-годишна дозвола за престој. Канцеларијата за медиуми, Министерството за надворешни работи и централната банка на ОАЕ не одговориле на прашањето колку руски пари моментално се слеваат во Дубаи.

Засега, нема индикации дека руското богатство што се влева во Дубаи би можело да биде погодено од западните санкции, но некои банкари велат дека постои ризик руските институции кои примаат пари да бидат оцрнети, особено откако голем број мултинационални компании ги прекинаа врските со Москва.

Слични содржини