Руското Министерство за здравство: Вакцина „Спутник лајт“ наменета за вакцинирање на млади

од Stefanija Kuzmanovska

„Спутник лајт“ е наменет главно за вакцинирање на млади луѓе против коронавирусот, изјави заменик министерот за здравство на Русија, Олег Гриднев.

„Спутник лајт е наменет за млади, пред се за студенти, бидејќи тестовите покажуваат дека по единечна примена на оваа вакцина, се создава добар имунитет кај младите и високо ниво на антитела“, рече Гриднев.

Во исто време, заменик-министерот за здравство изјави дека за луѓето вакцинирани против ковцид 19 со Спутник V по некое време можеби ќе треба да се ревакцинираат со друг препарат.

Сепак, вели тој, истрагите во таа област сè уште траат.

Слични содржини