Русковска: Ако Јовески биде избран за судија, ќе размислам за конкурсот за државен обвинител

од Nikola Popovski

Немам многу размислувано за конкурсот за државен обвинител, затоа што имаме актуелен државен обвинител, вели шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска во емисијата „360“.

Сепак, доколку обвинителот Љубомир Јовески биде избран за судија на Уставниот суд, таа не ја исклучува можноста.

-Ако (Јовески) биде избран за судија, може и ќе размислам. Инаку веројатно ќе одам во пензија. Имам и друга опција, доколку има оглас во Јавното обвинителство за обвинител, би се пријавила, информира Русковска.

Мандатот на Русковска во ОЈО за организиран криминал и корупција истекува во ноември оваа година.

Слични содржини