Русковска: Акцијата во Грчец и Гази Баба беше пробиена, наркобосовите се во бегство

од Берта Китинска

Двајца обвинители и тим истражители  пред една година почнаа да собираат докази со ќе се оневозможат дејствувањата на две криминални групи, едната од Грчец а другата од Гази Баба. Уште на почетокот бевме свесни дека зад секој од членовите мораме да собираме поединечни докази бидејќи тие дрогата која ја продаваа ја чуваат на безбедни места и постоеше мала веројатност при нивно апсење дека ќе се најде голема количина на дрога, во случајот кокаин, рече денеска обвинителката за гонење на организарaн криминал , Вилма Русковска споделувајќи детали за акцијата „Планина“.

Обвинителката појасни дека петмина од групата од Грчец се недостапни за истражните органи, а во акцијата се извршени претреси на 26 локации, уапсени се 13 лица, од кои за 9 лица има определено притвор, за 3 куќен притвор и за едно лице мерки на претпазливост.Додека пак за криминалната група во Гази баба извршени се претреси на девет места, при што 8 лица се приведени и се наоѓаат во притвор, а по едно лице се трага.

– Во претресите одземени се над 80.000 евра, а за пронајдената дрога се уште не се готови вештачењата, но најдена се околу 5 килограми марихуана и 600-700 грама хероин. Најголем дел од парите се пронајдени при претресите во Гази Баба, а многу малку во село Грчец. Според посебните истражни мерки кои денеска завршуваат за лицата по кои се трага, акцијата во село Грчеце пробиена. Беше се исчистено и не се пронајде поголема количина. На три локација се најдени околу 100 грама кокаин, истакна Русковска.

Таа изјави дека се одземени се 3 возила, но луксузните автомобили на водачите биле сокриени дека некаде се пронајдени само клучеви, засега нема информации кои се поткажувачите бидејќи петмината главни нарко босови се во бегство.

Слични содржини