САД: Одобрена продажба на месо направено во лабораторија

од Vladimir Zorba

Две американски компании „Upside foods“ и „Good meat“ објавија дека добиле конечно одобрение од американското Министерство за земјоделство (USDA) за продажба на месо одгледувано во лабораторија.

Две калифорниски компании добија лиценца да нудат „лабораториско месо“ на националните ресторани, а подоцна и на продавниците.

Со ова одобрение, САД ќе станат втората земја во светот, по Сингапур, која ќе дозволи продажба на таканареченото култивирано месо, пренесува Ројтерс.

Месото се одгледува во лаборатории во челични резервоари, користејќи клетки од живи животни или од посебна банка на репродуктивни клетки.

Овие компании се првите што ја поминаа повеќестепената американска процедура за одобрување на култивирано месо.

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) веќе утврдила дека месото е безбедно за консумирање.

Слични содржини