САД признаа: „Касетната муниција е во раце на Украина, ја користат доста ефикасно“

од Stefanija Kuzmanovska

Касетната муниција испорачана од Соединетите држави е во рацете на Украина и е распоредена на теренот како дел од борбата на Украина против Русија, изјави портпаролот на Службата за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби.

„Добивме некои првични повратни информации од Украинците, и тие ја користат доста ефективно“, рече Кирби на брифинг со новинарите.

Кирби изјави дека касетната муниција има влијание врз руските воени формации и нивното маневрирање.

Украина вети дека ќе користи касетни бомби само за елиминирање на концентрациите на руски непријателски војници.

Касетната муниција, која е забранета во повеќе од сто земји, обично ослободува голем број помали бомби кои можат неселективно да убијат на широк простор. Опасност се оние што не експлодираат со децении.

Двете страни меѓусебно се обвинуваат за употреба на касетни бомби во конфликтот што беше предизвикан од руската инвазија во февруари 2022 година, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини