САД со наредба до семејствата на дипломатите од Конзулатот од Истанбул да го напуштат градот

од Vladimir Zorba
78 прегледи

 

Стејт департментот на САД побара семејствата на дипломатите од американскиот Конзулат во Истанбул да го напуштат градот поради безбедносни причини.сад бомбардер

Одлуката е во врска со „информација“ за екстремистички групи кои продолжуваат со агресивни обиди да нападнат граѓани на САД во Истанбул.

Наредбата се однесува само за геенралниот Конзулат на САД во Истанбул и не важи за други американски мисии во Турција. Во изјавата на Стејт департментот се нагласува дека постои закана за американски државјани од терористички групи на територијата на цела Турција.