САД воведоа ограничувања за извоз на чипови во Кина

од Vladimir Zorba

Компаниите ширум светот почнаа да се справуваат со влијанието на широките американски ограничувања на продажбата на чипови и опрема за производство на чипови во Кина, вклучително и сè попопуларните суперкомпјутери.

Американските власти најавија опсежни регулативи со кои се ограничува извозот на одредена американска опрема за производство на чипови во Кина, но дозволувајќи им на американските и сојузничките компании да аплицираат за извозни дозволи, пренесува Ројтерс.

Американските власти, исто така, воведоа правила со кои се забранува продажба на широк спектар на чипови за каква било употреба во суперкомпјутерски системи во Кина.

Суперкомпјутери може да се користат во развојот на нуклеарно оружје и други воени технологии.

Американските компании Nvidia Corp и Advanced Micro Devices Inc минатиот месец објавија дека им било кажано да престанат со извоз на нивните врвни чипови во Кина.

„Напредните кинески системи под опсада“

Претставници на американската влада појаснија дека нивната намера била да ги таргетираат само најнапредните кинески системи кои можат да претставуваат закана за националната безбедност на САД, а не комерцијалните активности.

Големите кинески компании со големи центри за податоци, како што се Baidu, Alibaba и ByteDance, не одговорија веднаш на барањата за коментар, додека Tencent одби да коментира.

Новите регулативи ги загрозија цените на акциите на американските производители на чипови во петокот, при што Philadelphia Semiconductor Index индексот на американскиот пазар падна за речиси 6,0 отсто во петокот.

Цените на акциите на големите американски производители на полупроводничка опрема Lam Research Corp, Applied Materials Inc и KLA Corp паднаа за повеќе од 4,0 отсто.

Слични содржини