“Сакав да ги запрам демоните”: Објавена морничава снимка од испрашувањето на масовниот убиец од Флорида

од desk2

Американската полиција објавила снимка од испрашувањето на Николас Круз, кој во февруари оваа година уби 17 лица во средно училиште во Паркленд.

На снимката е очигледна нервозата на Круз. Тој споменувал гласови и демони кои му се појавувале во главата по смртта на неговиот татко.

“Запали, убиј, уништи”

“Запали, убиј, уништи”, му зборувале гласовите, тврди 19-годишниот Николас. Истражителот му рекол дека можел да ги запре тие демони ако сакал, на кое Круз започнал чудно да се однесува и да гледа во својата рака.

“Сакав да ги запрам демоните”
“Мислам дека твоите демони се само изговор. Зошто не си сакал да ги запреш, иако си можел?”, го прашал истражителот.

“Сакав да ги запрам”, му одговорил Круз со чудни гестови и мимики.

“Се однесуваш така бидејќи ова што го говорам има смисла, а тоа не ти се допаѓа. Мислам дека ги сакаш своите демони”, додал истражителот, по кое убиецот само побарал адвокат.

Николас Круз е обвинет по 17 основи за убиство со умисла, а доколку тој биде осуден, ќе добие смртна казна или доживотен затвор.

Слични содржини