Салма Хајек позираше во бикини на јахта и ги истакна атрибутите (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Познатата актерка Салма Хајек важи за една од најатрактивните жени во светот.

Со својата убавина и воодушевувачки облини, таа редовно привлекува погледи, а луѓето особено коментираат дека таа им одолела на сите трендови и негува природен изглед.

Иако многу се зборуваше за тоа дали нејзините гради се природни, Салма во една прилика објасни дека хормоните почнале да ѝ „дивеат“ за време на менопаузата, па деколтето ѝ станало побујно.

Таа сега позираше на јахта во бикини и предизвика лавина коментари.

Убавото деколте и заносните облини повторно дојдоа до израз, а Салма повторно доби пофалби за изгледот и природноста.

Слични содржини