Само една работа Меркел не сака да прочита во историските книги за себе

од Stefanija Kuzmanovska

По 16 години на чело на Германија, канцеларката Ангела Меркел има само една желба: да не кажат за неа дека била мрзлива.

Меркел, која се пензионира по парламентарните избори закажани за 26 септември, е позната како неуморен работник и еластична во долгите преговори со лидерите од целиот свет или со официјални лица од германските региони.

Сепак, денес на форумот организиран од ВДР, на прашањето за што не би сакала да пишува во историските книги, таа кратко одговори: „Дека сум била мрзлива“.

Тој коментар на канцеларката (66) со блага насмевка на работ на усните, е одраз на нејзиниот интровертен карактер.

Ангела Меркел е една од омилените политички фигури на Германците и многумина се восхитуваат на нејзиниот отпор кон замор бидејќи можеше да остане цела ноќ и да преговара.

Во 2015 година, таа рече дека има „капацитет за издржливост, но во одреден момент мора да се одмори“. Таа е позната по тоа што сака да се консултира и да собира службени лица, дури и по цена на доцнење во донесувањето на некои одлуки.

„Мојот метод на работа отсекогаш бил да создадам врски и да ги решавам несогласувањата преку разговор“, рече таа, што е различно од некои службеници чие однесување се состои во создавање тензии.

Слични содржини