Само што влезе во Белата куќа, Бајден ја отстрани бистата на Винстон Черчил

Џо Бајден се пресели во Белата куќа и го откри новиот изглед на Овалната соба во време кога потпишуваше пакет извршни наредби неколку часа по инаугурацијата.

Она што го привлече вниманието на медиумите беше дека бистата на Винстон Черчил беше отстранета од кабинетот и дека беше заменета со биста на Цезар Чавез. Вашингтон пост соопшти дека во кабинетот не била изложена ниту една биста на британскиот лидер, повикувајќи се на портпарол на Бајден, кој рече дека трансформацијата рефлектира „разлики во мислењето, изразени во рамките на заштитните огради на Републиката, се неопходни за демократијата“.

Покрај тоа, во моментов има бисти на Мартин Лутер Кинг Јуниор, Роуз Паркс, Еленор Рузвелт и Роберт Ф. Кенеди во Овалната соба, пренесува Спутник. Бајден исто така го украси кабинетот со портрети на Франклин Д. Рузвелт, како и слики од Томас Џеферсон, Александар Хамилтон, Бенџамин Френклин и Џорџ Вашингтон.

Бистата на Винстон Черчил повторно влезе во Овалната соба на 21 јануари 2017 година, кога Трамп ја донесе таму откако беше отстранета за време на Барак Обама и беше заменета со онаа на Мартин Лутер Кинг Јуниор.

Слични содржини