„Samsung“ во стратегијата за 2018 година вклучила „флексибилни“ смартфони

од Vladimir Zorba

Шпекулациите дека „Samsung“ развива паметни телефони со екран на преклопување со години циркулира во глобалната мрежа. Кога ги објави своите финансиски резултати, технолошкиот гигант дотури ново масло во оганот на гласини.

Компанијата објави дека нејзината стратегија за 2018 година вклучува усвојување на иновативни технологии, како што се флексибилни OLED екрани. На овој начин Samsung посочи дека оваа година може да почнат масовно производство на потенцијални уреди кои можат да се „превиткуваат“ слично на старите мобилни телефони од типот на Motorola RAZR.

Во последниве години на разни изложби, технолошкиот гигант демонстрираше OLED екрани со ваков вид. Слични прикажа и LG, а оваа година на саемот во „CES“, компанијата изложи телевизор кој се навива на ролна.

Гласините за смартфон чиј екран се преклопува беа засилени минатата година, откако „Samsung“ поднесе документи за последователен патент на сличен уред.

Неофицијално на посебна, затворено средба со инвеститори за време на саемот „CES“ во јануари, „Samsung“ покажала прототипи на смартфони кои се „превиткуваат“ и кои наскоро можат да бидат подготвени за масовниот пазар.

Слични содржини