Сана Марин се повлекува од функцијата лидер на Социјалдемократската партија

од Stefanija Kuzmanovska

Премиерката на Финска во заминување, Сана Марин, денеска соопшти дека се повлекува од функцијата лидер на Социјалдемократската партија и дека својата политичка кариера ќе ја продолжи како пратеник во новоизбраниот парламент.

„Ќе почнам да служам како член на парламентот следната недела и се надевам дека тоа ќе ми овозможи помирен живот“, изјави Марин на прес-конференција, додавајќи дека нема да се кандидира за претседател на државата, пренесува „Ројтерс“.

Поранешната премиерка на Финска изјавила и дека не добила понуди за работа во меѓународни организации.

Слични содржини