Актуелно
Почетна / Слајдер / Санкционирани 14 „диви тркачи“ на мотори во Скопје

Санкционирани 14 „диви тркачи“ на мотори во Скопје

При акциска контрола за откривање на возачи на мотори кои организираат „диви трки“ во Скопје санкционирани се 14 возачи на мотори, а двајца од нив се и приведени.

– Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна бебзедност во координација со Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 11/12 јули 2020 во времето од 20:00 до 02:00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи на мотори кои организираат „диви трки“ на подрачјето на Скопје., соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР наведуваат дека при контролата санкционирани се 14 возачи на мотори кај кои се констатирани низа прекршоци. Од нив еден моторциклист бил приведен во Полициската станица Карпош, а еден во Полициската станица Чаир поради бучавост над дозволената со нивното движење на моторциклите и неносење соодветна документација. Исто така два моторцикли ќе бидат однесени на технички преглед за понатамошна постапка.

loading...