Саше Ивановски кој синоќа  беше физички нападнат од новинарот на Сител, Александар Спасовски – Сарма, ноќва во полициската станица Беко го пријавил нападот. Според него и очевидци на настанот, Сарма, лут оти Саше за време кога тој се јавувал во живо на вестите на Сител од пред резиденцијата на ЕУ амбасадорот Аиво Орав каде беа преговорите за излез од политичката криза, довикнал „поздрав до Сител“, веднаш по јавувањето му се нафрлил.

– Ми се приближи пред сите колеги и присутните полицајци, ми шепна на уво дека ќе ме убие и ми врза два шамара. Се оддалечи, запали цигара и почна гласно да ме пцуе и јас го снимав со мобилниот, и тој повторно ме нападна. Го задржа колега од Плусинфо, но успеа уште еднаш да ме удри, како што се гледа на видеото на А1он. Јас воопшто не возвратив а тоа може да го потврдат сите присутни – вели за Либертас, Саше Ивановски.

Изненаден бил, како што вели, од агресивноста на Сарма, и воопшто не очекувал дека ќе го нападне физички.

– Не сакам расправии, најмалку со колеги, но овој напад мора да го пријавам во полиција. Претходно Јанко Јади Бурек, кој е исто од Сител, ем ме испрска во очи со спреј за заслепување, ем тој пријави. Мојата пријава дека јас сум нападнат МВР не ми ја прифати – ни изјави Политико.

Слични содржини