Сава Осигурителна Групација со 13,7% поголема добивка од планираната за 2022 година

од Vladimir Zorba

Иако 2022 година беше обележана како година со зголемени геополитички тензии и заострување на глобалните економски услови, напреднатата рамка за управување со ризик, навремената акција, силата на капиталот и фокусирањето кон клиентите и овозможија на Сава Осигурителната Групација да ги постигне практично сите цели, планирани за 2022 година. Воедно, капиталната моќ и солидните перформанси на матичната компанија Сава Ре беа повторно потврдени со кредитниот рејтинг „А“ од S&P Global Ratings и AM Best.1

Групацијата генерираше нето добивка од 68,2 милиони евра1, што е за 13,7% над планираното, постигнувајќи забележителен поврат на капиталот од 14,9%. Со 774,1 милиони евра1, Групацијата го зголеми својот деловен обем во однос на запишаните бруто премии за 6,1%, главно водена од нејзиниот неживотен и реосигурителен бизнис. 1

Во 2022 година, Групацијата продолжи да прави солиден напредок во својата развојна стратегија за дигитална трансформација и деловните процеси насочени кон клиентите. Групацијата продолжи да го зајакнува својот бизнис на странските пазари, постигнувајќи силен раст на премијата и профитот. Финансиските инвестиции претрпеа неповолни услови на финансиските пазари во 2022 година; следствено, приносот на инвестициското портфолио, од 1,3%1, беше под целта и понизок од претходната година.

Развојните активности на Групацијата беа фокусирани на консолидација на процесите за поддршка на клиентите во контакт центрите и воведување на централизирани повеќеканални решенија низ неколку компании на Сава Осигурителна Групација.

Одржливоста стана составен дел од секојдневното работење и одлучување. Покрај развојот на производи со компонента за одржливост, се зајакнува овој аспект од  деловното работење и во други области. Развиени се упатствата за одговорно преземање на еколошки, социјални и управувачки ризици во неживотното осигурување, кои беа имплементирани во неколку компании на Групацијата во текот на минатата година. Зголемени се инвестициите за одржливост на 218 милиони евра во 2022 година1, што претставува 14,9% од вкупното инвестициско портфолио. Ажурирана е политиката за одржливи инвестиции преку интегрирање на перспективата за управување со ризикот од одржливост во инвестицискиот процес и со поконзистентно интегрирање на принципите на Глобалниот договор на ОН во инвестицискиот процес. Особено внимание е посветено на многуте законодавни случувања во контекст на напорите на Европската унија да постигне јаглеродна неутралност до 2050 година.

Групацијата ја препознава одговорноста кон вработените и пошироката заедница. Стратешка цел е Групацијата да биде препознаена од засегнатите страни како општествено одговорен и атрактивен работодавач во регионот. Затоа, членовите на Сава Осигурителна Групација имаат силни врски со нивната локална средина. Локалните заедници беа поддржувани преку спонзорства, донации и превентивни проекти, а вработените го прифатија корпоративното волонтерство со учество во иницијатива „Срце за светот“, која во 2022 година, резултираше со бројни активности низ Групацијата кои ја промовираат корпоративната одговорност кон природната и социјалната средина.

,,На крајот на 2022 година, Сава Осигурителна Групација успешно го заврши стратешкиот период во сите области од своето работење. Би сакал да ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам на нашите вработени, акционери, клиенти и други засегнати страни за нивната поддршка и доверба. Со новата стратегија 2023–2027 година, усвоена на крајот на 2022 година, продолжуваме да ја спроведуваме нашата мисија и визија. Преку посветеност и постојан напредок обезбедуваме сигурност и квалитет на живот. Градиме осигурителна групација насочена кон клиентите, флексибилна и ориентирана кон одржливост.“ . – истакнува г-динот Марко Јазбец, Претседател на Управниот одбор на Сава Ре, во неговото годишно обраќање.

Сава пензиско друштво а.д. Скопје – членка на Сава Осигурителна Групација

Сава пензиско друштво ад Скопје успешно ја заврши 2022 година и ги постигна планираните резултати од работењето. Реализирани се вкупни приливи од уплатени придонеси во задолжителниот и доброволниот фонд, од околу 84 милиони ЕУР2, со раст во однос на претходната година за 12%. Средствата на задолжителниот фонд се зголемени за 5,5% и достигнаа 824 милиони ЕУР2, додека средствата на доброволниот фонд забележуваат раст од 5% и вредност од 24 милиони ЕУР2.  Реализирана е вкупна нето промена на членството во двата фонда која е над планираната, со што фондовите се позиционираа во системот, со пазарно учество од 44,67%2 во вкупните средства на задолжителните пензиски фондови, односно 48,82%2 во вкупните средства на доброволните пензиски фондови.

Во 2023 година Друштвото влегува со нова, дефинирана стратегија за раст и развој во следниот петгодишен период, која е фокусирана на клиентот, дигитализација, рационализација на деловни процеси и одржлив развој.

,,Нашите клучни постигнувања и цели и понатаму се поставување на клиентот односно членството во нашиот примарен фокус, преку едуцирана и адекватно структурирана агентска мрежа, преку едукација на членството и пошироката јавност со поголем фокус кон дигитализација, оптимизација на процесите и технолошка модернизација. Продолжуваме да работиме посветено, одговорно, транспарентно, етички и со висока свест за сите предизвици и неизвесности. Желбата за остварување на нашата визија и мисија за доброто и во интерес на членовите на пензиските фондови, нашиот акционер, сите засегнати страни, вработените и целокупната заедница’’ – вели Д-р Петар Талески, Претседател на Управниот одбор на Сава пензиско друштво а.д. Скопје.

Извори:

1 – Сава Осигурителна Групација – https://www.sava-re.si/en-si/investor-relations/reports-results/annual-report-2022/

2Сава пензиско друштво – www.sava-penzisko.mk

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

Слични содржини