СДСМ го слави 30-тиот роденден: „Продолжуваме посветено да работиме за граѓаните и татковината“

од Берта Китинска

Својата државотворност ја вградивме во секој процес што денеска значи модерна, европска, напредна држава, партнер и сојузник на демократскиот свет, велат од СДСМ по повод 30 годишнината од своето постоење.

-Од Денот на независноста, приемот во Обединетите нации, формирањето на Армијата, кандидатскиот статус со ЕУ, рушењето на режимот, до приемот во НАТО и градењето едно општество за сите, во континуитет покажуваме зошто сме државотворна партија определена да работи за подобра иднина на сите граѓани.

Тоа е нашата мисија секој ден во овие изминати 30 години.

Денес, СДСМ е најпрогресивната, најдинамичната и најсилната политичка партија, партија со најголема доверба од граѓаните, партија која поставува нови стандарди на македонската политичка сцена.

Продолжуваме посветено да работиме за граѓаните, за татковината, за напредна и развојна Република Северна Македонија, велат од партијата

Слични содржини