СДСМ: Кочниците за ДИК се кочници за волјата на граѓаните

од desk2

Дпмневските кочници за ДИК се кочници за волјата на граѓаните и за македонската иднина, ние тоа нема да го дозволиме. СДСМ нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ да ги блокира реформите, а со тоа да ја блокира државата и нејзината иднина, соопштија од владејачката партија.


„Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ пред граѓаните има обврска да изнајде решение за деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто по секоја цена се обидува да го блокира подоброто утре за македонските граѓани.
Измените на изборниот законик што беа направени во мај во согласност со сите партии предвидуваа обврска Државната изборна комисија да биде избрана во рок од триесет денови од стапувањето на сила на измените. Но, очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ како на власт така и во опозиција, продолжува да не ги почитува договорите и законите, со цел се пазари за амнестија“, велат од партијата.

Сметаат дека со своето однесување, ВМРО-ДПМНЕ не само што го прекрши договореното туку и го попречува спроведувањето на законот. Наспроти блокадите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пратениците на СДСМ и парламентарното мнозинство ја презедоа должноста да овозможат формирање на ДИК и спроведување на договорениот закон.
„Важно е да се напомене дека и при избор на членови на ДИК со апсолутно мнозинство, ќе се почитува одредбата дека опозицијата предлага свои членови, токму онака како што е договорено“, се додава во соопштението.

Слични содржини