sdsm-shtip
Никола Груевски и неговите следбеници како Никола Попоски знаат само да поставуваат огради и да креваат ѕидови.

Кризата со мигрантите не се решава со огради, туку со системски решенија.

Очигледно власта на Груевски нема капацитет да се справи со бегалската криза и не може да обезбеди сигурен транзит на мигрантите низ државата.

Штрајкот на машиновозачите, поради неисплатени плати, што дополнително ја комплицира ситуацијата е резултат на неодговорните политики на власта на Груевски.

Надлежните институции мора да превземат соодветни мерки за организирање и спроведување сигурен коридор за транзитирање на мигрантите низ државава.

Сликите од хаотичната состојба на македонските граници коишто го обиколија светот нанесуваат штета на и така нарушениот углед на Република Македонија.

Слични содржини