СДСМ: Наместо да бара правда за злоупотреба на пари на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски останува на браникот на криминалот

Во рамки на своето денешно соопштение, владејачката СДСМ потенцира дека Мицкоски наместо да го оправда и поздрави апсењето на Камчев кој заедно со Груевски и Мијалков е тајкун во случајот „Плацевите на Водно“, тој му подава рака, ставајќи го Тони Менкиновски како негов бранител.

„На Христијан Мицкоски му е важно само да ги одбрани криминалците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, нему не му се важни ни граѓаните, ни правдата па дури ни членовите на неговата партија.

Наместо Мицкоски прв да повика на брза разрешница на предметот „Плацовите на Водно“, во кој тајкунот на режимот Орце Камчев, заедно со Никола Груевски и Сашо Мијалков се товари за наводна злоупотреба на 1,3 милиони евра пари од донации за ВМРО-ДПМНЕ, тој на Камчев му го додели првиот човек на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Менкиновски како бранител.

На губитникот Христијан Мицкоски, поважен му е Орце Камчев, отколку парите од партиската каса, парите на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, кои Груевски ги искористил за купување на плацови од десетици илјади квадратни метри на Водно.

Очигледно се големи хипотеките на Мицкоски кон Камчев, па затоа прави се за да му помогне.

Но неуспешно. Мицкоски е осамен на браникот на криминалот.

Затоа изгубен во своите фрустрации опструира и блокира се што е во интерес на граѓаните и државата.

Затоа е во опозиција, шест пати по ред поразен од граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Слични содржини