СДСМ: Се грижиме за стандардот на граѓаните, намалени цени за уште 11 прехранбени производи

од Nikola Popovski

Партијата СДСМ ја поздравува одлуката на Владата за замрзнување на дел од овошјето и зеленчукот. Додаваат дека со конкретни мерки продолжува со грижата за граѓаните и нивниот животен стандард.

Овие мерки, според СДСМ, се во насока на заштита на стандардот на граѓаните, како и за забавување на растот на инфлацијата во државата.

Со СДСМ, додаваат од партијата, никој не е оставен сам да се справува со последиците од кризата, но и не дозволуваме некој да профитира врз грбот на граѓаните.

Владата вчера одлучи да ги одреди највисоките малопродажни цени на овошјето и зеленчукот.

Одлуката се однесува на свежите домати, краставиците, кромидот, карфиолот, зелените пиперки, гравот, леќата, бананите, портокалите, мандарините и лимоните и ќе важи за пазарите и маркетите од 5 до 30 април.

Во аргументите на Министерството за економија, се наведува дека според Законот за трговија, Владата може привремено да ја ограничи трговијата, во случај на нарушувања на внатрешниот пазар, поради злоупотреба при продажбата на одредени производи и стоки, а државата може да постави највисоки цени за поединечни стоки и услуги во производството и продажбата.

Со претходните одлуки веќе се замрзнати цените на оризот и јајцата, како и на млечните производи и тестенините.

Слични содржини