СДСМ: ВМРО – ДПМНЕ во трка сами со себе, се надминуваат во лагите и во новата 2023 година

од Stefanija Kuzmanovska
188 прегледи

ВМРО – ДПМНЕ во трка сами со себе, се надминуваат во лагите и во новата 2023 година. Во паника, секој ден се појавуваат со нови измислици. Соочени со катастрофалното владеење на нивните градоначалници, со сѐ послабата поддршка на нивните деструктивни политики, ВМРО-ДПМНЕ си ја зацврстува улогата на заложник на Димитар Апасиев, соопштуваат од СДСМ.

„Христијан Мицкоски, шпицниот градоначалник, чие име го нeмаше на ниту едно избирачко ливче, исплашен да се соочи со граѓаните, точно знае кој е неговиот најголем страв.

Тандемот Ковачевски – Зечевиќ го поразија Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на вонредните локални избори во Маврово и Ростуше и Центар Жупа, а истиот пораз ќе им се случи и на редовните парламентарни и претседателски избори во 2024 година.

СДСМ продолжува со реформскиот курс, со економски политики за раст на платите и пензиите и заштита на стандардот на граѓаните, продолжува со инвестициите и со чекорите за полноправно членство во ЕУ.

Затоа Мицкоски во 2024 година го очекува 7-от и 8-от последователен пораз како претседател на ВМРО-ДПМНЕ“, наведуваат од владејачката партија.

Слични содржини