Се ажурираат листите: На страницата kupuvamdomasno.gov.mk ќе може да проверете дали ќе добиете 6.000 денари

од Берта Китинска

На страницата kupuvamdomasno.gov.mk се уште се ажурираат листите со корисници на финансиска помош.

Финансиската поддршка во износ од 6.000 денари е намената за ранливите категории на граѓани се однесува на  стечајни работници, самохрани родители, корисници на пензија до 15.000 денари, пасивни баратели на работа, уметници, граѓани од 16 години до 29 години, деца без родители.

Владата на седница донесе одлука за четвртиот сет мерки, со кои доделува помош на граѓаните.

„Владата им излезе во пресрет на барањата и иницијативите на повеќе субјекти погодени од кризата и на предлог на  Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна задолжен за економски прашања, во соработка со Претседателот на Владата и Генералниот Секретаријат донесе одлука дополнителниот сет на мерки во вкупен износ изнесува 488.803.928,00 денари, односно околу 8 милиони евра.“, се вели во соопштението.

Според Законот средствата ќе треба да се потрошат до 25 декември.

 

Слични содржини