Се бара најдоброто решение за законот за игри на среќа, засега останува ист

од Aleksandar Todeski

Законот за игри на среќа, кој поранешниот министер за финансии, Драган Тевдовски најави дека ќе претрпи измени се уште останува ист, бидејќи се уште се разгледува можноста како да се дојде до најдоброто решение, откако затварањето на оваа дејност во соседството се покажа како губиток на многу работни места, но и како минус за државната економија, пишува Стандард.

Само годинава се издале пет дозволи за приредување на игри на среќа во автомат клуб – „Спорт Лаиф Гејминг“, „Покерфејс“, „Тхе Слотс“, „Ма Гаминг“ и „Апекс“ дел нови, дел од оние чија лиценца истекла, па ја обновувале.

Последни измени законот претрпел во 2016 година, но откако соседна Албанија одлучи да ги дислоцира обложувалниците и казината надвор од градското подрачје, оваа идеја се роди и кај нас.

Став во врска со измените побаравме и од Министерството за финансии, кое треба да ги предложи законските измени, но до објавување на текстот, одговор не добивме, пренесува порталот.

Во оваа дејност во 2017 година имало вкупен приход од 400 милиони евра. Казината и обложувалниците броеле вкупно 5.876 вработени, чија плата во просек изнесувала 19 илјади денари.

Целиот текст прочитајте го на Стандард.мк 

Слични содржини