Се финализира законот за албанскиот јазик: Ахемти го брифираат за викендашките разговори со тимот на Заев

од desk2

Законот за албански јазик и натаму отворено прашање меѓу Заев и Ахмети.  Во ДУИ се оптимисти дека се блиску до договор, во СДСМ воздржани, не сакаат да кажат проценки, но велат се уште се преговара, информира ТВ24.
Според информации потпретседателската тројка,  го брифира лидерот Ахмети и членовите на најтесното претседателство што произлегло од викендашките разговори со тимот на Заев, за забелешките на СДСМ за предлогот на Ахмети. Откако ќе се испегла целосно законот, последната фаза ќе биде финализирана лично меѓу Ахмети и Заев.
Висок партиски функционер вклучен во тимот на ДУИ вели денеска не треба да се очекува затворање на законот, но вели натака одат разговорите и се блиску.
„Блиску сме до договор за законот за употреба на албнскиот јазик , но денеска нема да има договор“ – порачува висок партиски функционер на ДУИ.
Од друга страна, од Бихаќка се многу повоздржани, само кусо велат дека се преговара.
„Законот за албанскиот јазик е сеуште отворен, преговараме, во овој момент не може да изнесеме појасни позиции ниту пак проценка колку сме блиски или далеку од договор“ – вели  висок партиски функционер од СДСМ.
Детали околу законот никој не открива, според ДУИ, тој е целосно усогласен со Уставот, според СДСМ во одредени делови од него излегуваат од Уставот и се апсолутно не прифатливи за СДСМ, но не кажуваат во кој дел.
Тв 24 веќе објави дека според брифинзите од ДУИ, Ахмети со законот планира унапредување во користењето на албанскиот јаизк  во комуникацијата на граѓаните со органите на државната управа, се унапредувба и користењето на албанскиот јaзик во судовите, како и во владата, каде документите од седниците треба да бидат двојазични, а министрите да можат да зборуваат на албански јазик. Во однoс на Собранието, од ДУИ велат дека се допрецизиралча употребата која досега не се почитувала, особено во делот на  водење на седниците, според истите информации ДУИ барала и денарот да биде двојазичен.
Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини