Поранешниот британски амбасадор во Сојузна Република Југославија / СРЈ / Ивор Робертс е за за размена на територии меѓу Србија и Косово.

Според него, ова е единствениот начин за “постигнување на траен мир и стабилни односи” меѓу двете земји. Робертс беше амбасадор на Велика Британија во СРЈ од 1994 до 1997 година. Вчера тој во Лондонското економско училиште ја претстави својата книга “Разговори со Милошевиќ”. На презентацијата присуствуваше и српскиот амбасадор во Лондон.
Робертс вели дека мултинационалните држави се идеал, но на практичноста на размената на Прешевската долина од Србија за земјиште од северниот дел на Косово би можело да се доведе до стабилизација на односите и да се гарантира признавање на независноста на Косово од страна на властите во Белград. Британскиот дипломат изрази надеж дека границите на Балканот, како и насекаде, ќе се претворат “во симбол на различноста”, а не на поделба како што беше досега. Тој, сепак, истакна дека тоа би можело да се случи ако националните заедници се чувствуваат сигурни и стабилни во рамките на својата етничка заедница.
Локално.мк потсетува дека Прешевската долина вклучува три општини – Бујановац, Прешево и Медвеѓа од југозападниот дел на Србија. Тие се населени претежно со етнички Албанци. Косово прогласи независност во февруари 2008-ма година. До денес над 100 земји во светот ја признаа независноста на поранешната српска покраина . Властите во Белград продолжуваат да ја сметаат Косово за дел од својата територија. Пред еден месец поранешниот британски дипломат Тимоти Лес јавно се огласи за создавање на етнички чисти држави на Балканот и промена на границите. Пред три дена американскиот конгресмен Дана Рорабакер повика за поделба на Република Македонија меѓу Косово Албанија, и Бугарија.На оваа рекација почнуваат и контра реакции на други конгресмени кои се против ваквите тврдења и идеи на Рорабакер, кој сепак е само албански лобист и поддржувач и промотор на УЧК и идејата за голема Албанија.
Стејт департментот официјално реагираше и соопшти дека го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија. Бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека категорично ја поддржа интеграцијата на земјите од Западен Балкан.