Крадец на автомобили во Норвешка повикал полицајци да го спасуваат откако останал заклучен во автомобил што се обидел да го украде.

Станува збор за 17-годишно момче кое со мобилен телефон ги повикало полицајците во Трондхајм да го спасуваат откако останало заробено во заклучен автомобил на паркинг пред автосалон.
Норвешката телевизија NRK соопшти дека момчето од порано ѝ било познато на полицијата поради лесни прекршоци. Засега е тајна зошто се блокирале вратите на автомобилот и младиот крадец останал заробен во автомобилот.
Полицијата на Twitter објави дека го спасиле крадецот и го спровеле во притвор.