Се огласи Рамбо Амадеус: Короната не бира, коси немилосрдно и ценети колеги

од Stefanija Kuzmanovska

Музичарот Рамбо Амадеус се огласи на Инстаграм наведувајќи дека е позитивен на коронавирус. Како што напиша, најдобриот начин обожавателите да го поддржат е да ги почитуваат мерките на претпазливост – да држат дистанца и да носат маска, но и да се пријават за вакцинација.

„Драги обожаватели, само без прекумерна возбуда и паника, вистина е дека и Царот е позитивен на коронавирус, но не наседнувајте на драматичните текстови во жолтиот печат, Килотзар е со челично здравје, и овојпат порачува- Короната демне, не бира, коси немилосрдно и ценети колеги, но, колку е поголема трагедијата и опасноста, мора да биде повисок моралот. Во врска со ова, ви ветувам дека концертот, со ова неопходно одложување, сигурно ќе биде уште повозбудлив и поинтересен, со должна почит кон сите оние кои ја загубија битката со короната. Музиката не е шега за мене или за моите колеги, туку неопходен сегмент од животот“, напиша Рамбо на Инстаграм, а потоа додаде:

„Затоа, најдобриот начин да ме поддржите е да се држите на дистанца и да носите маска и да се пријавите за вакцинирање, но богами и да купите билет на време за концертот, тоа најдобро ќе го зајакне мојот имунитет“, заклучи музичарот.

Медиуми во изминатите неколку дена пишуваа дека музичарот е хоспитализиран.

Слични содржини